ТАРАВАРИ И СЕЛА СО КОНТРАОБВИНУВАЊА Стоење пред вратите на Владата
Судски спор за партиските печати сè уште без конечна одлука

Арбен Таравари често беше критикуван од своите противници дека не ја држи речта и дека зборува едно наутро, а прави друго навечер. Но, тој има свој одговор на овие тврдења.
„Слушајте, во 2024 година… гледате Села и Мендух – стојат пред вратата на Владата. Јас во 2024 година излегов од Владата, нели бевме во Владата? Излегов за да направам промена, ги оставив бенефициите. Минатата година, мај 2025, бев министер за здравство – за себе беше мирно, супер, перфектно. Дали има нормален човек што ја остава таа позиција?“ – изјави Арбен Таравари, претседател на АШ.
Таравари додаде:
„Јас излегов од Владата за да помогнам некои луѓе кои мислев дека можат да напредуваат во партијата, да освојат општини и да ја развијат партијата. Но, има и такви што за една позиција прават сè… Убаво видов колку гласови доби Азир Алиу во Гостивар.“
На овие изјави реагираше и крилото на Зијадин Села со соопштение за медиумите:
„Арбен Таравари синоќа, наводно, го обвини претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, дека стои пред вратата на Владата чекајќи да стане дел од неа. Најдобриот одговор му го дадоа граѓаните, кои преку коментари и други начини потсетија на сите контроверзни и смешни постапки и изјави на Таравари. Таков беше случајот и вчера, бидејќи ставовите на неговата коалиција на лидерската средба и барањето за нова средба меѓу Ахмети (кој го претставуваше и Таравари на средбата) и премиерот Мицкоски, не се ништо друго освен стоење пред вратите на Владата.“
Обвинувањата и контраобвинувањата меѓу двете крила на Алијансата за Албанците се чести уште од моментот кога патиштата на Таравари и Села се разделија. Постојат и судски спорови околу тоа кому припаѓаат партиските печати, но сè уште нема конечна одлука.


