ЗБОГУМ СО ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ Муцунски ја испрати Агелер назад за Америка
Агелер ја завршува својата дипломатска должност во земјава како амбасадорка на САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
Муцунски искажа благодарност за нејзиниот целокупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.
На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.
Муцунски нагласи дека размениле мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што потврдиле заедничка посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.


