ИЗЛЕЗНОСТА ДО 18:30 ИЗНЕСУВА 28 ОТСТО – Најниска во Центар Жупа, највисока во Врапчиште

Три места во Гостивар и две во Маврово-Ростуше ќе имаат продолжено гласање

ИЗЛЕЗНОСТА ДО 18:30 ИЗНЕСУВА 28 ОТСТО – Најниска во Центар Жупа, највисока во Врапчиште
Фото: Национал

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека излезноста на повторените избори до 18:30 часот изнесува 28,07%.

По општини излезноста во Врапчиште е 31,76%, Гостивар 28,22%, Маврово и Ростуше 28,04% и Центар Жупа 13,18%.

Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, изјави дека поради задоцнето отворање на избирачките места, гласањето ќе биде продолжено на пет места: три во Гостивар и две во Маврово-Ростуше.

Најдолгото продолжување ќе биде на избирачкото место 503 во Гостивар, каде гласањето ќе трае 2 часа и 45 минути.

Исто така, на избирачкото место 0782 во Ќафа немало гласање бидејќи тоа воопшто не било отворено.

CATEGORIES
Share This