МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ УКРАИНА НА ЖПЛТИОТ КУП – Втор триумф по ред

Македонија утре го игра последниот меч против Швајцарија

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ УКРАИНА НА ЖПЛТИОТ КУП – Втор триумф по ред
Фото: Архива

Македонската ракометна репрезентација запиша убедлива победа над Украина со 31-26 и ја потврди формата по вчерашниот триумф против Бахреин.

Првото полувреме беше слабо, Македонија дури и не водеше, но во вториот дел тимот на Кирил Лазаров направи кам-бек од минус четири и стигна до убедливо водство. Галевски блесна на голот со клучни одбрани, а Кузмановски со седум гола беше лидер во нападот.

Утре „црвено-жолтите“ го играат последниот меч на турнирот против домаќинот Швајцарија во 18 часот.

CATEGORIES
Share This