ПУТИН ГО ЧЕСТИТАШЕ БОЖИЌ Порака за добрина, љубов и духовни традиции

Путин ќе го прослави празникот заедно со војниците и нивните семејства во храм во предградието на Москва.

ПУТИН ГО ЧЕСТИТАШЕ БОЖИЌ Порака за добрина, љубов и духовни традиции
Фото: Принтскрин

Според соопштението на Кремљ, Путин ќе го прослави празникот заедно со војниците и нивните семејства во еден од храмовите во предградието на Москва.

Во својата честитка, Путин истакна:

„Овој прекрасен празник го осветлува светот со светлината на добрината и љубовта, носејќи надеж и радост на милиони луѓе и поттикнувајќи ги да се поврзат со духовните традиции на своите предци, пренесувани од генерација на генерација.“

Тој додаде дека со особено задоволство ја нагласува важната улога на Руската православна црква и другите христијански вероисповеди во обединувањето на општеството, зачувувањето на богатото историско и културно наследство, како и во духовното, патриотското и моралното образование на младите.

CATEGORIES
TAGS
Share This