АРТЕТА НА ДОБАР ПАТ Дали ќе ја освои титулата или ќе се случи неочекувано?

Фудбалерите на Арсенал забележаа уште една победа во англиската Премиер лига, победувајќи го Борнмут со 3:2 во 20. коло. Со оваа победа, „топџиите“ се зацврстија на првата позиција на табелата со 48 бодови, имајќи предност од +6 пред Астон Вила и +7 пред Манчестер Сити, кој има еден натпревар помалку. Оваа победа е само продолжение на импресивната сезона на Арсенал, кој игра дури и подобро од легендарната генерација „Непобедливите“ од сезоната 2003/04.
Под водство на Арсен Венгер, Арсенал последен пат ја освои Премиер лигата во 2004 година. Сепак, статистиката за актуелниот тим на Микел Артета е охрабрувачка. И покрај два лигашки порази оваа сезона, Арсенал во истата фаза на натпреварувањето има два бода повеќе од шампионскиот тим пред повеќе од две децении. Дополнително, постигнаа четири гола повеќе, а примиле само еден гол повеќе од генерацијата која остави траен белег во историјата на клубот.
Во натпреварот против Борнмут, херој на победата беше Деклан Рајс, кој постигна два гола по враќањето од повреда. „Знаевме дека ќе биде многу тешко. Да се освојат три бода и начинот на кој го направивме тоа беше навистина важно. Карактерот на Габриел по грешката и начинот на кој го одигра натпреварот, го покажува менталитетот на овој тим“, изјави Рајс. Тој додаде: „Случуваше ми се претходно да постигнам еден гол и да посакам уште, но не успеав. Сега се случи тоа. Ни треба придонес на секој играч во различни моменти, така што сум среќен што можам да помогнам. Имаме тешка сезона со повреди, како и многу други. Во добра сме позиција, но патот е долг пред нас.“
Сите очи се вперени во Арсенал, а прашањето е: што треба да се случи за овој тим да не ја освои титулата? Се чини дека со текот на сезоната, предизвиците само ќе растат, а натпреварите ќе станат сè поинтензивни.


