ПОЧИНА БУГАРСКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТАР ПЕНЕВ – ја водеше Бугарија до историското 4. место на СП

Селекторот на легендарната генерација на Христо Стоичков ја остави Бугарија со најголемиот успех во историјата

ПОЧИНА БУГАРСКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТАР ПЕНЕВ – ја водеше Бугарија до историското 4. место на СП
Фото: Принтскрин

Бугарските медиуми попладнево известија дека на 80-годишна возраст почина Димитар Пенев, најуспешниот фудбалски селектор во историјата на земјата.

Под негово водство, Бугарија го постигна најголемиот успех во својата фудбалска историја, освојувајќи четврто место на Светското првенство во 1994 година во САД, со легендарната генерација на Христо Стоичков. Пенев како селектор остави неизбришлив белег во бугарскиот фудбал.

Поголемиот дел од својата играчка кариера Пенев го помина во ЦСКА, каде што се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот. Со „Армејците“ тој освои седум шампионски титули и пет пехари во националниот куп.

CATEGORIES
Share This