(ВИДЕО) ТРАМП: ЈА ПРЕЗЕМАМЕ ВЕНЕЦУЕЛА – Ноќен десант, Каракас затемнет, Мадуро заробен
Американските специјалци, според Трамп, извеле ноќна операција непозната досега

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати од својата резиденција Мар-а-Лаго, објаснувајќи дека Соединетите Американски Држави извеле воена операција во Каракас, при што бил уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, заедно со неговата сопруга Силија Флорес.
Според Трамп, операцијата ја извеле американски специјални воздушно-десантни сили и ја опиша како „еден од најпрецизните и најмоќни напади во историјата на САД“. Тој наведе дека нападот бил насочен кон воена локација во срцето на Каракас и дека бил изведен ноќе, при целосно затемнување на градот.
„Ниту еден американски војник не беше убиен, ниту пак беше изгубена опрема“, изјави Трамп,
Тој додава дека операцијата била изведена со „брзина, прецизност и целосна контрола“. Доколку го видевте она што јас го видов синоќа, ќе бевте навистина импресионирани. Тоа беше операција каква што ретко се гледа. Беа извршени бројни апсења, а голем број авиони учествуваа во борбени дејства без ниту една загуба. Со капацитети што нашите противници не можат ни да ги замислат, располагаме со најсовремена опрема во светот. Ништо не може да се спореди со она што го имаме.
Ниту една држава во светот, според изјавите, не би можела да го постигне она што беше реализирано во текот на вчерашниот ден, и тоа во исклучително краток временски рок. Во операцијата биле вклучени највисоките воени капацитети и логистички ресурси, кои функционирале координирано и прецизно. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро бил уапсен во текот на ноќта, во услови на целосен мрак. Голем дел од Каракас останал без осветлување, што, како што се наведува, било резултат на напредни технички способности. Операцијата се одвивала во темнина и со високо ниво на ризик.
Трамп тврди дека Мадуро и неговата сопруга се обвинети во Федералниот суд во Њујорк за „нарко-тероризам“ и водење на криминална мрежа поврзана со картелот „Картел де лос Солес“. Според неговите наводи, Мадуро бил одговорен за внесување огромни количини дрога во САД, што, како што рече, довело до смрт на над 100.000 луѓе во изминатите години.
Американскиот државен обвинител Пам Бонди потврди дека обвинението е поднесено, а Трамп изјави дека двојката во моментот се транспортира кон САД, каде што ќе им се суди, најверојатно во Њујорк или Флорида.
Во обраќањето, Трамп изјави дека САД ќе ја „водат Венецуела“ сè додека не се обезбеди, како што рече, „безбедна, правилна и фер транзиција на власта“. Тој додаде дека американски компании ќе бидат вклучени во обновата на нафтениот сектор и инфраструктурата на земјата.
„Не сакаме хаос и повторување на истата ситуација. Целта е мир, стабилност и просперитет за народот на Венецуела“, рече Трамп.
Од друга страна, властите во Каракас ги обвинија САД за обид за насилно преземање на контролата врз стратешките ресурси на земјата, особено нафтата и минералите, и за грубо нарушување на политичката независност. Венецуелската армија, според официјалните информации, е ставена во состојба на „сеопфатна одбрана“.
Венецуелската опозиција, пак, тврди дека апсењето на Мадуро било резултат на претходен договор, додека Министерството за правда на САД објави документи поврзани со случајот.


