НЕЕДНАКВОСТА ДОСТИГНА РЕКОРД – Најбогатите заработија толкуб илиони за да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија

Концентрација на богатството и само осум милијардери добија речиси четвртина од вкупниот раст

НЕЕДНАКВОСТА ДОСТИГНА РЕКОРД – Најбогатите заработија толкуб илиони за да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија
Фото: Принтскрин

Петстотините најбогати луѓе во светот во 2025 година го зголемиле своето богатство за рекордни 2,2 билиони долари, достигнувајќи вкупна вредност од 11,9 билиони долари. Според индексот на милијардери на Блумберг, главни двигатели на растот биле изборната победа на Доналд Трамп во 2024 година и силниот раст на пазарите на криптовалути, акции и метали, пишува „Гардијан“.

Околу една четвртина од зголемувањето на богатството отиде кај само осум лица, вклучувајќи ги Илон Маск, Џеф Безос, Лари Елисон (Извршен директор на Оракл) и Лари Пејџ (коосновач на Алфабет). За споредба, во 2024 година истите осум милијардери учествувале со 43% од растот на богатството на топ 500.

Лари Елисон го зголеми своето богатство за 57,7 милијарди долари, достигнувајќи 249,8 милијарди долари, додека Илон Маск забележа апсолутен рекорд со раст од 190,3 милијарди долари, достигнувајќи 622,7 милијарди долари. Австралиската милијардерка Џина Рајнхарт го зголеми своето богатство речиси тројно од 12,6 на 37,7 милијарди долари главно поради инвестиции во ретки метали.

Сепак, некои милијардери изгубија дел од своето богатство. Најголем губитник бил филипинскиот милијардер Мануел Вилар, чие богатство се намали за 12,6 милијарди долари, на 10 милијарди, откако акциите на неговата компанија за недвижности „Голден МВ Холдингс Инк“ паднаа за 80% по завршувањето на шестмесечната суспензија на тргување.

Невладината организација „Оксфам“ истакнува дека 2,2 билиони долари, заработени од најбогатите за една година, би биле доволни да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија.

Меѓународниот извршен директор на „Оксфам“, Амитаб Бехар, вели дека овие бројки ја покажуваат длабочината на глобалната нееднаквост:

„Нееднаквоста е намерен политички избор. И покрај рекордното богатство на врвот, јавното богатство стагнира, па дури и опаѓа, додека должничката криза расте.“

CATEGORIES
Share This