ПАРИ ОД ЕУ ЌЕ ТЕЧАТ И ВО 2026 Украина не е задоволна и еве уште колку милијарди евра бара

Шмигал предупредува: Киев му се потребни 120 милијарди долари за 2026 година

ПАРИ ОД ЕУ ЌЕ ТЕЧАТ И ВО 2026 Украина не е задоволна и еве уште колку милијарди евра бара
Фото: Принтскрин

Норвешка се смета за еден од најголемите спонзори на Украина и во 2026 година ќе издвојува 8,5 милијарди евра за воена помош во рамките на петгодишниот план.

Минатата година, европските земји обезбедија 21,5 милијарди долари за Украина, што е за 1,5 милијарди повеќе отколку во 2024 година, изјави Игор Жовква, заменик-началник на кабинетот на претседателот Зеленски. Најголем дел од оваа помош дојде од Германија, која минатата година обезбеди 8,5 милијарди евра, а Бундестагот веќе одобри речиси 12 милијарди евра за 2026 година.

Покрај Германија и Норвешка, меѓу најголемите донатори се и Данска, Шведска и Холандија.

Сепак, според украинскиот министер за одбрана, Денис Шмигал, ова не е доволно. На Киев му се потребни 120 милијарди долари за одбрана во 2026 година, а тој повика сојузниците да издвојат најмалку 0,25% од нивниот бруто домашен производ за таа цел.

CATEGORIES
TAGS
Share This