ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ СТАПИ НА СИЛА – Формализирање на 17.400 работни места

Легално ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери без губење на права

ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ СТАПИ НА СИЛА – Формализирање на 17.400 работни места
Фото: Национал

Од вчера стапи во сила Законот за работно ангажирање на лица, со кој се овозможува легално ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнатите права. Законот е најавен како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и како алатка за борба против сивата економија.

Во првата фаза законот се применува во дејностите каде што сивата економија е најизразена како што се земјоделство, шумарство, рибарство, објекти за сместување, угостителски и сервисни дејности за храна и услуги во домаќинството.

Се очекува формализација до 12.000 сезонски работници во земјоделството и околу 5.400 непријавени работници во туризмот, угостителството и услугите

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека законот е одговор на проблемот што и покрај мерките од Оперативниот план за вработување, голем број лица остануваат надвор од формалните текови.

Клучните предносит на зконот за работниците се исплата по час, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, дополнителен придонес за здравствено осигурување при повреда или професионално заболување, јасна правна заштита на правата и не се губат социјални, детски, студентски, ученички и пензиски права

Од друга страна за работодавачите предностите се флексибилност при ангажирање, поедноставена административна постапка и електронски процедури за пријавување, одјавување и уплата на придонеси

Формализацијата на сивата економија е еден од највисоките приоритети на Владата, бидејќи влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година од околу 694.000 вработени, 85.000 биле неформално ангажирани, што е сериозен предизвик што бара системско решение.

Законот обезбедува финансиска поддршка за компании кои инвестираат, остваруваат раст на приходите и ја задржуваат стабилноста на вработувањето. Обезбедува и поддршка за нови вработувања со повисоки плати до 20% од исплатената нето плата (до 4.400 евра годишно по лице) и поддршка за истражување и развој до 50% од оправданите трошоци. максимален износ до 1 милион евра

Комбинацијата од Законот за работно ангажирање и Законот за финансиска поддршка на инвестициите значи сузбивање на сивата економија, активна поддршка на формалната економија, создавање стабилна, предвидлива и фер деловна клима, повеќе формални работни места и поголема сигурност за работниците и силна поддршка за компаниите кои инвестираат во раст и развој на македонската економија

CATEGORIES
Share This