ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Кинезите биле малку па сакаат повеќе деца со мерки за зголемување на наталитетот

Целта е да се зголеми бројот на новороденчиња во втората најголема економија во светот

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Кинезите биле малку па сакаат повеќе деца со мерки за зголемување на наталитетот
Фото: Принтскрин

Од денес, Кина воведува данок од 13% на продажбата на контрацептивни средства, додека услугите за грижа за деца ќе бидат ослободени од данок. Ова е дел од напорите на втората најголема економија во светот да го зголеми природниот прираст на населението.

Како дел од реформата на даночниот систем, објавена крајот на минатата година, многу даночни олеснувања воведени од 1994 година во времето кога Кина ја спроведуваше политиката на едно дете ќе бидат укинати, јавува Би-Би-Си.

Дополнително, данокот на додадена вредност (ДДВ) ќе биде укинат за услуги како грижа за стари лица и планирање свадби.

CATEGORIES
TAGS
Share This