ПРЕКИНИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО Повеќе улици во Ченто денеска без вода поради дефект на водоводна мрежа

ПРЕКИНИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО Повеќе улици во Ченто денеска без вода поради дефект на водоводна мрежа

Поради дефект на приклучна цевка на улицата „Спиро Црне“ број 22, денеска од 11:55 часот е прекинато водоснабдувањето во дел од скопската населба Ченто.

Без вода се корисниците од улиците „Спиро Црне“, „Сава Михајлов“, „Надбискуп Чекада“, „Катлановска“, „Неготинска“ и „Беровска“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието посочуваат дека екипите се на терен и дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по завршување на санацијата на дефектот.

CATEGORIES
Share This