СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА Нормализиран сообраќајот кон Ќафасан и на патот Берово–Делчево

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА Нормализиран сообраќајот кон Ќафасан и на патот Берово–Делчево

Сообраќајот на неколку патни правци низ државата е целосно нормализиран, информира Авто-мото сојузот на Македонија во најновиот билтен за состојбата на патиштата.

Како што се наведува, нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Берово – Делчево кај селото Смојмирово, како и сообраќајот кон граничниот премин Ќафасан, кој претходно беше во прекин.

Сообраќајот на државните патишта во моментов се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 30 декември, од 15 часот, на Коридор 10, делницата Прилеп–Битола, воведен е изменет режим на сообраќај, при што движењето е пренасочено по регионалниот пат Р1101.

Во тек се и повеќе градежни активности:

  • На скопската обиколница (државен пат А2) се врши рехабилитација на делница од 250 метри, при што е затворена левата лента за претекнување.
  • На експресниот пат Крива Паланка – Страцин, сообраќајот се регулира наизменично поради градежни работи.
  • Активни се санации и на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост, како и на делницата Гостивар – Стража, каде е воведена времена семафоризација.

Од 15 ноември е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година.

Од АМСМ апелираат до возачите да возат со прилагодена брзина и зголемена внимателност, особено на делниците низ клисури и котлини, каде постои можност од појава на одрони.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај до 31 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This