24 ЗАГИНАТИ, НАД 50 ПОВРЕДЕНИ – Путин и Патријархот Кирил го осудија терористичкиот напад во Херсонската област

Нападот бил извршен со три беспилотни летала, едно од нив носело запалива смеса

24 ЗАГИНАТИ, НАД 50 ПОВРЕДЕНИ – Путин и Патријархот Кирил го осудија терористичкиот напад во Херсонската област
Фото: Принтскрин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, беше известен од гувернерот на Херсонската област, Владимир Салдо, за нападот врз цивили во селото Хорли на брегот на Црното Море. Салдо го информираше Путин за текот на истрагата и рече дека имињата на загинатите ќе бидат објавени како што напредува процесот на идентификација.

Според информациите на Салдо, украинските вооружени сили извршиле целен напад со три беспилотни летала врз кафуле и хотел каде што мирни жители ја прославувале Новата година. Едно од леталата носело запалива смеса, што предизвикало пожар кој бил изгаснат дури во утринските часови.

Прелиминарните податоци покажуваат дека 24 лица го загубиле животот, меѓу кои и едно дете, а повеќе од 50 се повредени.

Претседателот Путин оцени дека нападот е „споредлив по суровост и цинизам со палењето луѓе во Одеса на 2 мај 2014 година.

Московскиот патријарх Кирил истакна дека нападот претставува „акт на крајна суровост и цинизам“ и го осуди терористичкиот чин, изразувајќи сочувство до семејствата и роднините на жртвите. Патријархот истакнува дека ваквите дела немаат оправдување и претставуваат сериозно злосторство против човечкиот живот, како и грубо кршење на моралните основи на човечкото општество.

CATEGORIES
TAGS
Share This