МИЦКОСКИ ПОТВРДИ – Линеарни зголемувања на пензиите и во 2026 година
Пензионерите ќе ја добијат следната покачена исплата во април, за мартовската пензија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Владата продолжува со политиката на линеарно зголемување на пензиите. Следното покачување пензионерите ќе го добијат во април, со исплатата на мартовската пензија.
„Да, ќе има повторно линеарно зголемување. Последните статистички податоци за нивото на сиромаштија и „џини коефициентот“ ја оправдуваат оваа политика,“ истакна Мицкоски.
Тој потсети дека досегашните зголемувања биле по 2.500 денари во ноември 2024 и април 2025 година, како и 1.000 денари во ноември 2025 година.
„Истиот принцип ќе важи и сега, со априлската исплата за март 2026 година. Целта ни е да го намалиме нивото на сиромаштија и нерамномерната распределба на приходите, измерена преку „џини коефициентот“. Во оваа област сме најдобри во регионот и над европскиот просек,“ додаде премиерот.


