ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ Половина од пациентите на Токсикологија се деца
Бројот на интоксикации по новогодишната ноќ алармира а најмладиот пациент имал само 14 години

Фото: Национал
По првите 12 часа од 2026 година, Универзитетската клиника за токсикологија забележа загрижувачки број пациенти. Вкупно 31 лице побарало лекарска помош поради интоксикација, при што речиси половина биле малолетници. Најмладиот пациент имал само 14 години.
Лекарите истакнуваат дека најстариот пациент имал 44 години, што покажува дека „најлудата ноќ“ била особено ризична за помладата популација. Сепак, сите пациенти се веќе пуштени на домашно лекување, а сериозни компликации нема.
„Иако дел од токсиколошките анализи сè уште се во тек, најверојатната причина за приемите е алкохолна интоксикација“, соопшти Клиниката.
Добрата вест е дека нема потреба од хоспитализација и сите пациенти по укажаната помош се пуштени дома.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


