ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ „Safe City“ со видливи резултати и помалку сообраќајни жртви
Во декември 2025 година во Скопје не е регистрирана ниту една сообраќајна жртва

Системот „Safe City“ (Безбеден град) веќе ги покажува првите сериозни ефекти, оцени премиерот Христијан Мицкоски, презентирајќи ги резултатите за декември 2025 година. Според официјалната статистика, забележано е значително намалување на сообраќајните несреќи со смртни последици.
„Во Скопје, во декември 2024 година, животот го загубија пет лица, додека во декември 2025 година нема ниту една жртва. Тоа ни дава основа да бидеме задоволни од досегашните резултати,“ изјави Мицкоски.
Тој посочи дека и на годишно ниво е евидентен пад на бројот на загинати во сообраќајот – од 142 жртви во 2024 година на 131 лице во 2025 година.
„Возачите се однесуваат повнимателно, не само во градските средини каде што е имплементиран системот, туку и на автопатите. Не очекуваме системот да функционира совршено од 1 февруари, но со неговото постепено проширување и унапредување, слабостите ќе се надминуваат,“ заклучи премиерот.


