СМРТОНОСЕН ИНЦИДЕНТ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА Турски државјанин избоден со нож, уште едно лице тешко повредено

СМРТОНОСЕН ИНЦИДЕНТ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА Турски државјанин избоден со нож, уште едно лице тешко повредено

Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сериозен инцидент што се случил ноќеска во Старата скопска чаршија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, настанот бил пријавен во раните утрински часови, по физичка пресметка пред угостителски објект, при што бил нарушен јавниот ред и мир. На местото интервенирале полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош.

Едниот од повредените, 22-годишен државјанин на Турција, починал кратко по приемот на медицинска помош, откако кај него биле констатирани тешки повреди нанесени со остар предмет. Второто лице, 23-годишен турски државјанин, со сериозни телесни повреди е пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде му се укажува лекарска помош.

За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на причините и учесниците во инцидентот.

CATEGORIES
Share This