И НАТАМУ ВО ПРЕКИН СООБРАЌАЈОТ КОН ЌАФАСАН Измена на режимот Прилеп – Битола

И НАТАМУ ВО ПРЕКИН СООБРАЌАЈОТ КОН ЌАФАСАН Измена на режимот Прилеп – Битола

Сообраќајот на патниот правец кон граничниот премин „Ќафасан“ утрово е целосно во прекин во двата правци поради сообраќајна незгода, информираат надлежните служби. Екипи се на терен и се работи на расчистување и нормализирање на сообраќајот, а возачите се повикуваат да ги следат најновите информации и да користат алтернативни правци.

На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива без поголеми застои, но поради временските услови, коловозите на повеќе места се влажни, што бара зголемено внимание при возењето.

Од вчера попладне е воведен изменет режим на сообраќај на Коридор 10, на делницата Прилеп – Битола. Сообраќајот на овој потег е пренасочен по регионалниот пат Р1101, а измената ќе важи до завршување на предвидените активности.

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Потсетување за возачите дека до 15 март 2026 година важи законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови.

Од АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините и клисурите каде постои ризик од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила до 31 март 2026 година.

CATEGORIES
Share This