ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА Утрово се стресе охридскиот регион

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА Утрово се стресе охридскиот регион

Рано утрово, жителите на Охрид и околните населени места почувствуваа слаб земјотрес. Според првичните податоци од сеизмолошките служби, потресот е регистриран во 03:18 часот.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на селото Велестово, на падините на планината Галичица, на длабочина од околу 15 километри. Јачината на потресот изнесувала 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Поради слабиот интензитет, земјотресот бил почувствуван од мал дел од населението во охридскиот регион, претежно од жителите кои се наоѓале на повисоките катови, а материјална штета или повредени лица не се пријавени.

CATEGORIES
Share This