ЗОШТО УСТАВНИОТ СУД ГО СПАСИ ДВОЈНО МИЈАЛКОВ – Од децениски затвор и одземање на украдените стотици милиони евра
Денес, Сашо Мијалков и Зоран Заев се слободни луѓе кои уживаат во Монте Карло и Дубаи и ни се смеат на сите - се вели во соопштението на Един ствена Македонија.

Единствена Македонија го осудува сомнителното однесувањето на Уставниот суд со кое врши двојно спасување на Сашо Мијалков од избегнување на затворска казна од најмалку 28 години и конфискација на украдените стотици милиони евра како и избегнување на кривично гонење на Зоран Заев.
Уставниот суд на последната седница одби да донесе одлука по повод постапката што веќе судот ја поведе на 12 февруари годинава за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од 2023 со кои настапи застареност на делата против Мијалков и евентуално кривично гонење на Заев.
Наместо да донесе одлука за поништување на неуставните измени на КЗ, Судот направи преседан спротивен на Уставот: му даде рок од шест месеци на Собранието самото да го измени законот.
Доколку Уставниот суд си ја извршеше својата основна уставна обврска и на последната седница ги поништеше измените на Кривичниот законик, ќе се сметаше дека тие измени никогаш не постоеле во правниот промет бидејќи според правната теорија и пракса поништувањето има дејство ex tunc и доведува до неважност на измените на КЗ од моментот на нивното донесување и се смета дека законските измени никогаш не постоеле, немаат правен ефект и се поништуваат правните последици што настапиле.
Значи, доколку Уставниот суд донесеше поништувачка одлука ќе отпаднеше застареноста, а кривичните постапки против Мијалков сега повторно ќе продолжea таму каде што беа прекинати – во фаза на жалба на Мијалков пред Апелациониот суд откако претходно беа донесени три осудителни пресуди од Основниот кривичен суд против Мијалков на вкупна казна затвор од 28 години и конфискација на украденото и се отвораше можност за евентуално гонење и на Зоран Заев.
Наместо тоа, Уставниот суд направи радикален пресврт: иако индиректно призна дека измените биле неуставни бидејќи во февруари годинава донесе одлука за поведување на постапка, но одби да ги поништи измените на КЗ и топката ја префли во Собранието.
И навистина, деновиве Собранието ќе усвои нови измени на КЗ со кои повторно ќе се воведат построги казни и за застарување повторно ќе биде потребно да поминат и до 20 години. Но, тие измени, внимавајте добро, ќе важат од моментот на нивното донесување во Собранието за во иднина, што значи дека нема да се однесуваат повратно на Мијалков, Заев и останати лица чии дела ќе се сметат за застарени.
Со ваквото недозволено однесување Уставниот суд да не одлучува за уставност на закон што е негова примарна задача, практично им обезбеди спас на Мијалков и Заев а за кои тие измени на КЗ во 2023 беа и донесени.
За Единствена Македонија резултатот е јасен: Уставниот суд го спаси Мијалков од долгогодишна затворска казна, украденото му останува, Заев е спасен од кривично гонење. Правдата повторно е поразена.
Останува дилемата дали уставните судии постапиле од страв, под притисок, уцена или корупција. Но, едно е неспорно: со своето однесување уставните судии станаа соучесници во спасувањето на Мијалков и Заев како едни од најголемите бандити и предавници во поновата македонска историја кои извршија тешко злосторство врз народот.
Останатото е историја. Денес, Сашо Мијалков и Зоран Заев се слободни луѓе кои уживаат во Монте Карло и Дубаи и ни се смеат на сите – се вели во соопштението на Един ствена Македонија.


