ДМИТРИЈ ЗИКОВ – Нов руски амбасадор во Македонија

Назначувањето се случува во контекст на затегнати македонско-руски дипломатски односи

ДМИТРИЈ ЗИКОВ – Нов руски амбасадор во Македонија
Фото: Национал

Руската Федерација назначи нов амбасадор во Скопје. Претседателот Владимир Путин потпиша указ со кој 57-годишниот Дмитриј Зиков е именуван за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.

Назначувањето е официјално потврдено преку документ објавен на рускиот официјален интернет-портал за правни акти. Во указот се наведува дека:

„Дмитриј Константинович Зиков се именува за вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.“

Зиков ја презема функцијата во период на затегнати дипломатски односи меѓу двете земји, особено поради фактот што Северна Македонија се наоѓа на списокот на т.н. „непријателски држави“ на Руската Федерација.

Владимир Путин го назначи Зиков на почетокот на декември откако го разреши претходниот амбасадор Сергеј Баздникин. По враќањето во Москва, Баздникин го раководи Одделот за историја и документација при руското Министерство за надворешни работи додека пак Зиков пред да биде назначен за амбасадор во Скопје ја извршуваше функцијата заменик-директор на Вториот европски департмент на руското Министерство за надворешни работи.

CATEGORIES
Share This