ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Намалена видливост поради магла

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО Намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, по влажни коловози, додека надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен. На граничните премини од македонска страна, засега, нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) потсетуваат дека од 15 ноември е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2026 година, независно од актуелните временски услови.

Возачите се апелираат да возат со зголемена внимателност, да ја приспособат брзината кон условите на патот и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на патните правци низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена опасност од одрони. Ова се однесува пред сè на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Истовремено, на повеќе патни правци низ државата се изведуваат градежни работи поради што сообраќајот се одвива по изменет режим. Работи се во тек на скопската обиколница, експресниот пат Крива Паланка – Страцин, како и на делници од патиштата Гостивар – Стража и Прилеп – Битола.

CATEGORIES
Share This