МИТОТ ЗА МИЕЊЕ НА ЛИЦЕТО – Топла или ладна вода
Совети за здраво и нежно миење на лицето

Многумина веруваат дека миењето на лицето со топла вода ги „отвора“ порите, а со ладна ги „затвора“. Но, дерматолозите објаснуваат дека тоа е мит.
Порите не се отвораат или затвораат бидејќи истите немаат мускули, па не можат физички да се менуваат со температурата а топлата вода може само привремено да ги омекне маслата и нечистотијата, додека ладната вода привремено ги стеснува крвните садови, давајќи на кожата поцврст изглед.
Топлата вода може да наштети б идејќи лишувањето на кожата од природни масла може да предизвика сувост, иритација и црвенило и долгорочно, тоа може да влоши состојби како егзема или розацеа и да предизвика оштетување на колагенот и еластинот.
Ладната вода исто така не е идеална и може привремено да освежи, но не ги чисти ефективно порите и може да го намали апсорбирањето на производите за нега на кожата, што доведува до запушени пори.
Совет од дерматолозите е дека млаката вода е најдобра за чистење на лицето. Ефикасно ги отстранува нечистотијата и маслото, а во исто време ги зачувува природните масла на кожата. Помага производите за нега на кожата подобро да се апсорбираат.
Како заклучок може да се земе дека миењето на лицето со млака вода е оптимално за здравје на кожата, избегнувајќи стрес од премногу топла или ладна вода.


