БОНУС ХИТ ОД САБРИНА КАРПЕНТЕР – Иронична љубовна песна за празниците

Нова песна која го прикажува чудниот начин на љубовта.

БОНУС ХИТ ОД САБРИНА КАРПЕНТЕР – Иронична љубовна песна за празниците
Фото: Принтскрин

Популарната пејачка Сабрина Карпентер го изненади своето фан-јато на Бадник со новата песна “Such a Funny Way”, дел од специјалното издание на албумот Man’s Best Friend (Bonus Track Version).

Песната е хумористична и иронична приказна за љубовна врска полна контрадикции – кога партнерот вели „Те сакам“, но неговите постапки покажуваат друго. Сабрина ја опиша како „катарзична божиќна песна за да се ‘распаднете’“.

Придружното видео со текст е веќе достапно на сите стриминг платформи.

CATEGORIES
Share This