БЕЗ ЗАДРЖУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ – Умерен интензитет на сообраќајот

Коловозите се влажни, а сообраќајот надвор од градовите се одвива со умерен интензитет

БЕЗ ЗАДРЖУВАЊЕ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ – Умерен интензитет на сообраќајот
Фото: Национално

Денеска (24.12.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

CATEGORIES
Share This