КОНЦЕРТ ЗА ДУШАТА Павле Камилоски во Центарот за култура Битола
Билети веќе во продажба и резервирајте го вашето место за незаборавен концерт

Центарот за култура Битола со големо задоволство најавува „Предновогодишниот концерт со Павле Камилоски“, кој ќе се одржи на 26 декември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во салата на Центарот за култура – Битола.
Овој концерт ќе биде премиерна изведба во Битола, со свежа и внимателно осмислена музичка програма што ја носи магијата на предновогодишните празници. Проектот веќе докажа успех на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје, каде се изведуваше со целосна посетеност, што ја потврдува неговата културна вредност и привлечност.
Со препознатливиот вокал и сценска енергија на Павле Камилоски, публиката ќе ужива во концерт кој ги обединува празничниот дух, топлината на заедништвото и радоста од крајот на годината. Целта е да се создаде предновогодишна атмосфера, потсетувајќи на вредностите на љубовта, сплотеноста и искрената радост.
Датум и време: 26.12.2025 | 20:00
Локација: Центар за култура – Битола


