ШОК НА ГРАНИЦА – Ларви во киви од Србија, 22 тони се уништуваат

Целата пратка е прогласена за небезбедна и нема да стигне до потрошувачите

ШОК НА ГРАНИЦА – Ларви во киви од Србија, 22 тони се уништуваат
Фото: Национал

Повеќе од 22 илјади килограми киви, увезени од Србија, нема да влезат на македонскиот пазар и ќе бидат уништени поради утврдено присуство на ларви и инсекти.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, при извршен органолептички преглед било констатирано дека кивито има променети органолептички својства и не ги исполнува безбедносните услови за увоз, иако било наменето за индустриска преработка.

Станува збор за пратка од вкупно 22.340 килограми киви, за која инспектор за храна донел решение за забрана на увоз. На увозникот му е издадено решение со наредба за нештетно уништување на спорната количина, откако било доставено известување дека пратката не може да биде вратена во земјата извозник.

Од Агенцијата потенцираат дека ваквите мерки се преземаат со цел заштита на здравјето на потрошувачите и спречување на внес на небезбедна храна во земјава.

CATEGORIES
TAGS
Share This