БАНДИТИЗМОТ МОРА ДА ЗАВРШИ – Бачев предлага радикален чекор за спас на државата

Според професорот Бачев Македонија треба да се ослободи од бандитизмот, без разлика на реакциите од Брисел

БАНДИТИЗМОТ МОРА ДА ЗАВРШИ – Бачев предлага радикален чекор за спас на државата
Фото: Национал

Професорот и лидер на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, на својот Фејсбук профил изнесе свое мислење за најавените кривично-правни измени предлагајќи минимална акзна од 10 години за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народни пари.

Бачев истакнува дека прочитал дека во Собранието се подготвуваат измени на Кривичниот законик, како и иницијативи за донесување на нов закон, и го поздравува овој чекор.

„Одлично! Сите знаеме дека во изминатите 35 години се украдени многу милијарди евра па не е лошо да потсетам на едно мое залагање во 2020 година. Е сега некој ќе каже дека од Брисел ќе реагираат бидејќи во европските земји не постои смрттна казна ама постои кај нашиот стратешки партнер – САД. Предлог што можеби ќе го тресе Брисел, но ќе ја спаси Македонија од бандитизмот“ – напиша Бачев на Фејсбук.

CATEGORIES
TAGS
Share This