ФРАНЦИЈА НА РАБ НА ХАОС Лажно видео за државен удар го шокираше Макрон
идеото беше лажно, но предизвика паника меѓу светските лидери

Видеото собра над 12 милиони прегледи за кратко време, но беше отстрането дури по повеќе од една недела, поради силни политички и јавни реакции.
Францускиот претседател Емануел Макрон беше изненаден кога дозна дека веста за наводен државен удар во Франција се шири на социјалните мрежи. Дури загрижен африкански колега го контактирал, испраќајќи линк до видеото и прашувајќи што се случува. Како што изјави за регионалниот весник „Ла Прованс“, оваа порака го натерала да се информира за содржината.
Контроверзното видео прикажува хеликоптер, војници, толпа луѓе и наводен водител на вести кој тврди дека во Франција е извршен државен удар, дека го водел непознат полковник и дека Макрон е соборен од власт. Сепак, наскоро се покажа дека видеото е целосно лажно и создадено со помош на вештачка интелигенција.
Откако сфати за што станува збор, Макрон побара помош од „Фарос“, официјалниот портал за пријавување нелегална интернет содржина во Франција, за да се отстрани видеото од Фејсбук. Меѓутоа, „Мета“ го отфрли барањето, образложувајќи дека содржината не ги крши нивните правила. Макрон потоа лично се обиде да изврши притисок, но без успех, истакнувајќи дека „демократијата е исмејувана“ и дека ширењето на вакви дезинформации го загрозува јавниот простор и политичката стабилност.
Според „Еуроњуз“, зад видеото стои тинејџер од Буркина Фасо кој води профил на Фејсбук наречен „Ислам“, иако не објавува религиозна содржина. Младиот човек заработува пари продавајќи онлајн курсеви за тоа како да се монетизира содржина создадена со вештачка интелигенција.


