ТАРАВАРИ: НА ЛЕКУВАЊЕ УШТЕ 57 ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Двајца пациенти во критична состојба

ТАРАВАРИ: НА ЛЕКУВАЊЕ УШТЕ 57 ПАЦИЕНТИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Двајца пациенти во критична состојба

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информира дека од вкупно 193 пациенти повредени во пожарот во Кочани, на лекување сè уште остануваат 57 – девет во Скопје и 48 во странство.

Според него, сите пациенти во Скопје се во стабилна состојба, а двајца се на пластична хирургија, четворица во Стара градска болница, еден во „8 Септември“ и двајца во приватни клиники. Во странство, двајца пациенти се во критична состојба, а другите се на рехабилитација или очекуваат хируршки зафати.

Таравари сподели и охрабрувачки пример на пациентка која била двапати реанимирана, но сега е во стабилна состојба и наскоро ќе продолжи лекување дома.

CATEGORIES
Share This