МАКЕДОНИЈА НА ЧЕКОР ОД НАПРЕДОК – ЕУ очекува големи промени во 2026

Кошта ги поздрави реформите на регионот - Црна Гора забрзува, Албанија и Босна под притисок за резултати, Косово гради доверба пред изборите

МАКЕДОНИЈА НА ЧЕКОР ОД НАПРЕДОК – ЕУ очекува големи промени во 2026
Фото: Принтскрин

По самитот ЕУ – Западен Балкан, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се осврна на пет земји од регионот, со исклучок на Србија која го бојкотираше состанокот.

За Северна Македонија Кошта истакна:

„Ги поздравуваме чекорите на Северна Македонија за зајакнување на регионалната поврзаност и се надеваме на значаен напредок во 2026 година. Властите знаат што треба да направат.“

За другите земји тој рече дела патот на Црна Гора кон ЕУ очигледно се забрза и само оваа недела беа успешно затворени пет преговарачки поглавја. За Албанија истакна дека успеа да ги отвори сите преговарачки групи за многу кратко време, последните дури во ноември. Следната година ќе биде нивниот момент на вистината за забрзување на реформите. За Босна и Херцеговина истакна дека ја усвои својата Агенда за реформи, што е неопходен чекор за пристап до Планот за раст. Ова ќе им овозможи целосно да го искористат потенцијалот на поддршката од Европската унија и постепената интеграција. Во однос на Косово пак, Кошта рече дека ги поздравуваат чекорите за градење доверба меѓу заедниците. Претстојните парламентарни избори можат да бидат клучен момент за консолидирање на реформите и конструктивно ангажирање на патот кон европската интеграција.

Да потсетиме, Србија го бојкотираше состанокот.

CATEGORIES
Share This