ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОСТАВКА ОД ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Ден по изборот на новото партиско раководство

Во објава со остар тон тој најави дека по празниците ќе постави прашања за одговорноста, а потоа дополнително појасни дека јасно бара оставка од претседателот на СДСМ.

ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ПОБАРА ОСТАВКА ОД ВЕНКО ФИЛИПЧЕ  Ден по изборот на новото партиско раководство

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, преку Фејсбук побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, еден ден по изборот на новото партиско раководство. Во објава со остар тон тој најави дека по празниците ќе постави прашања за одговорноста, а потоа дополнително појасни дека јасно бара оставка од претседателот на СДСМ.

Во меѓувреме, на седница на Централниот одбор, СДСМ го избра новото раководство: Јована Тренчевска и Александар Трајановски се нови потпретседатели, Александар Димитриевиќ останува генерален секретар, а Љупчо Фармаковски организациски секретар.

CATEGORIES
Share This