ТИНЕЈЏЕР ОД ВИСКОНСИ ГИ УБИЛ РОДИТЕЛИТЕ КАО ДЕЛ ОД ПОГОЛЕМ ПЛАН Му требале пари да го ликвидира Трамп

Федералното биро за истраги (ФБИ) дополнително објави дека пронашло документ од три страници во кој Касап повикува на убиство на Трамп за да се создаде политичка револуција во САД и „да се спаси белата раса“ од „политичарите контролирани од Евреи“

ТИНЕЈЏЕР ОД ВИСКОНСИ ГИ УБИЛ РОДИТЕЛИТЕ КАО ДЕЛ ОД ПОГОЛЕМ ПЛАН Му требале пари да го ликвидира Трамп

Седумнаесетгодишниот американскиот тинејџер Никита Касап ги убил своите родители како дел од поголем заговор за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп. Тинејџерот, повикувал на атентат на Трамп и соборување на владата на Соединетите Држави во писмени документи и СМС пораки што ги откриле истражителите, објави Вашингтон Егзаминер.

Канцеларијата на шерифот на округот Ваукеша добила налог за претрес и пронашла материјал на телефонот на Касоп поврзан со „Редот на деветте ќошиња“, која е екстремистичка неонацистичка група, според судските документи.

Полицијата во Ваукеша, исто така, соопшти дека пронашла фотографии и пораки поврзани со манифестот за атентатот на Трамп, создавање бомби и терористички напади.

Федералното биро за истраги (ФБИ) дополнително објави дека пронашло документ од три страници во кој Касап повикува на убиство на Трамп за да се создаде политичка револуција во САД и „да се спаси белата раса“ од „политичарите контролирани од Евреи“.

Касап, исто така, платил, барем делумно, за беспилотно летало и експлозиви да се користат како оружје за масовно уништување за да се изврши нападот, се додава во документот.
Во него беше наведено дека убиството на неговите родители „изгледало како обид да се добијат финансиски средства неопходни за извршување на неговиот план“.

Документот содржел и слики од Адолф Хитлер заедно со текстот „Да живее Хитлер, да живее белата раса, да живее победата“.

Мајката на Касап, Татјана Касап и неговиот очув, Доналд Мајер, беа пронајдени мртви во нивниот дом од прострелни рани, а властите веруваат дека тие биле убиени на 11 февруари.

Никита Касап се соочува со девет обвиненија за кривично дело, вклучувајќи две точки за убиство од прв степен и две точки за прикривање труп.

(Танјуг)

CATEGORIES
TAGS
Share This