ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО АВСТРАЛИЈА ПО СМРТОНОСНИОТ НАПАД НА ПЛАЖАТА „БОНДИ“ Премиерот најави заострување на законите за оружје

Во нападот на двајца вооружени мажи, татко и син, загинаа и беа ранети десетици лица.

ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО АВСТРАЛИЈА ПО СМРТОНОСНИОТ НАПАД НА ПЛАЖАТА „БОНДИ“ Премиерот најави заострување на законите за оружје

Австралија прогласи Ден на жалост и ги спушти знамињата на половина копје по смртоносниот напад на плажата „Бонди“ во Сиднеј за време на еврејски фестивал по повод Ханука. Во нападот на двајца вооружени мажи, татко и син, загинаа и беа ранети десетици лица, меѓу кои и фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“. Жртвите се на возраст од 10 до 87 години.

Премиерот Ентони Албанезе изјави дека нападот бил насочен кон еврејската заедница и најави заострување на законите за оружје. Напаѓачот Саџид Акрам бил убиен од полицијата, додека неговиот син е хоспитализиран. По претресите биле пронајдени експлозивни направи и знамиња на Исламска држава.

Безбедноста е засилена во повеќе светски метрополи, а меѓународната заедница го осуди насилството од омраза.

CATEGORIES
Share This