СКОПЈЕ – ПРАГА Нова директна авиолинија за подобра европска поврзаност
Линијата ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, без поскапување на билетите, соопштува Визер.

Со првиот лет на директната авиолинија Скопје – Прага, Македонија го унапредува меѓународното поврзување и економската соработка. Линијата ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај, без поскапување на билетите, соопштува Визер.
Министерката Божиновска истакна дека директната врска со Прага ги зајакнува односите меѓу Македонија и Чешка. Од ноември и декември се воведени и нови линии кон Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага, со што Скопје се поврзува со повеќе европски метрополи.
CATEGORIES Бизнис


