ЕКИПИТЕ РАБОТАТ НА ТЕРЕН Прекин на водоснабдување во Сопиште и Бардовци

Дел од жителите на скопското село Сопиште денеска од 9:20 часот ќе останат без вода поради дефект на приклучна водоводна линија на улица „24“, во близина на куќниот број 31, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на санација на проблемот.
Прекин на водоснабдувањето ќе има и во село Бардовци. Таму, поради оштетување на водоводна цевка со пречник Ф2“ на улица „6“, кај број 144, од 9:30 часот вода ќе немаат корисниците од овој дел од населбата.
Од претпријатието соопштуваат дека водоснабдувањето ќе биде повторно воспоставено веднаш по отстранувањето на дефектите.
CATEGORIES Македонија


