„НЕМА, НЕМА“ – Новата песна што го најавува големиот концерт на Бојана

Последниве недели Бојана е целосно посветена на подготовките – од проби и студиски снимања до последни финеси – а токму во таа креативна атмосфера се роди и новата нумера.

Одбројувањето до првиот солистички концерт „Бесмртна” влегува во завршна фаза, а Бојана Скендеровски ја изненадува публиката со новата песна „Нема, нема” – модерна, свежа и искрена, создадена во пресрет на големата вечер.

Последниве недели Бојана е целосно посветена на подготовките – од проби и студиски снимања до последни финеси – а токму во таа креативна атмосфера се роди и новата нумера. „Сакав да ѝ понудам на публиката нешто ново и освежувачко пред концертот и празниците”, вели таа.

Песната, со музика и аранжман на Никола Мицевски и текст на Борче Нечовски, снимена во студио XL Момироски, претставува храбар чекор напред во нејзиниот звук – модерна, емотивна и препознатлива.

Концертот „Бесмртна” ќе се одржи на 13 декември во 20:00 часот во Филхармонија, а билетите се веќе достапни преку kupikarta.com во ограничен број.

„Нема, нема”, со видео продукција на Скендеровски продукција, е повеќе од нова песна – тоа е најавa за она што публиката ќе го доживее на концертот: модерно, емотивно и бесмртно.

CATEGORIES
Share This