ИСТОРИСКА ПОДРШКА ЗА МИЦКОСКИ НА КОНГРЕСОТ – Од 817 делегати 804 гласаа да ја води ВМРО-ДПМНЕ во трет и последен мандат

Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ е историски исчекор кон стабилна, самосвесна и европска Македонија

ИСТОРИСКА ПОДРШКА ЗА МИЦКОСКИ НА КОНГРЕСОТ – Од 817 делегати 804 гласаа да ја води ВМРО-ДПМНЕ во трет и последен мандат
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски го доби својот трет мандат како лидер на ВМРО-ДПМНЕ откако делегатите на 18. партиски конгрес го избраа да ја води партијата во наредните четири години. Според статутот, ова ќе биде негов последен мандат.

Претседателот на Изборната комисија, Зоранчо Јованчев, соопшти дека од 817 присутни делегати, 804 гласаа за Мицкоски, кој беше единствениот кандидат за функцијата.

На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два важни политички документа: „Стратегијата 2025-2030“ и „Парадигма“.

Да потсетиме, во својот говор на Конгресот за што пишуваше Национал, Мицкоски ја прифати довербата не како политичка победа, туку како заеднички завет: за продолжување на модернизацијата без губење на суштината, зачувување на традицијата без да се стане заложник на минатото, европски развој со македонски идентитет и мерка секоја одлука да го јакне достоинството на државата, како историски поглед во кој истакна дека Македонија не пропаѓала од слабости, туку од мали амбиции и краткорочни стратегии на политичарите, системите да се градат на дисциплина и долгорочна визија, а не на импровизации и народот како подршка при што Мицкоски истакна дека не го носи товарот сам, туку заедно со народот и партијата.

Мицкоски посочи дека усвоената Стратегија 2025-2030 и Доктрината се повеќе од политички документи и тие претставуваат национален патоказ за стабилизирање и европеизирање на Македонија: Рамка за стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава како и договор со иднината што гарантира континуитет, без компромис со историската и духовна вертикала на државата.

Во однос на економијата и социјалната политика, Мицкоски нагласи дека економијата треба да се раздвижи, со поддршка на домашните компании кои се „рбетот на стопанството“. Основните приоритети се подобрување на животниот стандард на граѓаните, системски мерки за стабилна и предвидлива економија, независна од индивидуални интереси, поддршка за младите, вклучително пристап до образование и вработување според капацитетите, без политичка или друга припадност и решавање на демографската криза, со мерки за зголемување на наталитетот и поддршка на младите семејства, вклучително и пристап до домови и медицинска грижа.

Мицкоски заклучи дека конгресот означува историски исчекор за партијата и државата и премин од кризи и транзиции кон зрела, стабилна и самосвесна Македонија, со јасна национална и европска визија.

CATEGORIES
TAGS
Share This