(ВИДЕО) ИСКЛУЧЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ – Шпанецот доби црвен картон поради долен веш со непрописна боја

Овој несекојдневен инцидент ги остави навивачите и коментаторите во шок и со насмевка.

(ВИДЕО) ИСКЛУЧЕН ПРЕД ПОЧЕТОКОТ – Шпанецот доби црвен картон поради долен веш со непрописна боја
Фото: Принтскрин

Несекојдневна и навистина бизарна сцена доаѓа од индискиот шампионат. Фудбалерот на Гоа, искусниот шпански интернационалец Икер Гуарочена, беше исклучен уште пред судијата да означи почеток на натпреварот.

Инцидентот се случи на дуелот против Мумбаи Сити. Главниот судија го предупреди Гуарочена дека мора да го промени долниот веш поради непрописна боја, но наместо едноставна корекција, ситуацијата ескалираше. Шпанецот одби да ја исполни наредбата, по што судијата без двоумење му покажа црвен картон.

Иако настанот изгледаше апсурдно, постои и „добра“ страна: бидејќи исклучувањето се случи пред почетокот на мечот, домаќините имаа право да го променат составот и да започнат со целосни единаесетмина.

 

CATEGORIES
Share This