ПО ДРОН НАПАДОТ НА ГРОЗНИ КАДИРОВ БЕСНЕЕ – Зеленски, подготви се доаѓа одмаздата

Кадиров тврди дека Украина ќе се соочи со најостриот чеченски одговор досега.

ПО ДРОН НАПАДОТ НА ГРОЗНИ КАДИРОВ БЕСНЕЕ – Зеленски, подготви се доаѓа одмаздата
Фото: Принтскрин

Воените објекти во Украина ќе бидат цел на одмазднички напади поради ударот со беспилотни летала врз зградата за самица во Грозни, најави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

„Почнувајќи од утре и во текот на целата следна недела, украинските неонацисти ќе го почувствуваат нашиот остар одговор. За разлика од нив, ние нема кукавички да нападнеме цивили. Нашите удари ќе бидат насочени исклучиво кон воената и терористичката инфраструктура на украинските неонацисти“ – порача Кадиров на Телеграм, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека нападот врз станбените солитери во центарот на Грозни нема никаква тактичка логика.

На 5 ноември, украински дрон удрил во зграда во комплексот „Грозни Сити“ во административниот центар на Чеченија. Фасадата беше оштетена, но нема пријавено повредени или загинати.

CATEGORIES
TAGS
Share This