СВЕТСКОТО ВО ВТОР ПЛАН – Трам во главна улога на ждрепката за Мундијалот 2026
Со танц на YMCA, Трамп стана најкоментиран момент на церемонијата во центарот „Кенеди“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше главната атракција на ждрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, кога изненадно го изведе својот препознатлив танц на песната YMCA и ја прифати првата „Награда за мир“ што ја доделува ФИФА.
Настанот, кој поради новиот натпреварувачки формат донесе дополнителни придобивки за репрезентациите како Северна Македонија и Курасао, го следеа и лидерите на другите земји домаќини, пренесува „Тајмс оф Индија“.
Трамп ја презеде сцената за време на церемонијата во центарот „Кенеди“, кога членовите на легендарната група Village People ја изведоа YMCA – песна што често се пушташе на неговите изборни митинзи. Неговиот краток, но впечатлив танцов настап веднаш стана вирусен.
На церемонијата присуствуваа и мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум и канадскиот премиер Марк Карни. Настанот го водеа комичарот Кевин Харт и супермоделот Хајди Клум, а во публиката беа спортски легенди како Том Брејди, Шакил О’Нил, Вејн Грецки, Ели Менинг и Арон Џаџ.
Освен танцот, во центарот на вниманието беше и моментот кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му ја додели на Трамп првата ФИФА „Награда за мир“.
„Господине претседателе, ова е вашата награда. Вашата награда за мир“, изјави Инфантино при врачувањето.


