ВРЕМЕТО ДЕНЕС – Облачно и свежо со повремен дожд и северен ветер

Претпладне локален дожд и ниски температури, попладне разведрување; слични услови и во Скопје со повремен засилен северен ветер

ВРЕМЕТО ДЕНЕС – Облачно и свежо со повремен дожд и северен ветер
Фото: Национал

Времето денеска (06.11.) претпладне ќе биде облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува и температура во интервал од 4 до 12 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, облачно, претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This