МКС ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН Мировните преговори не можат да го стопираат налогот

Истрагата на МКС не запира заради мировните преговори за Украина а Советот за безбедност на ОН може само привремено да ја одложи истрагата

МКС ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН Мировните преговори не можат да го стопираат налогот
Фото: Принтскрин

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и уште пет други лица за наводна вмешаност во воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина.

Заменик-обвинителката на МКС во Хаг, Наџат Шамим Кан, истакна дека истрагата на судот не може да се запре со мировни преговори, но дека Советот за безбедност на Обединетите нации може привремено да ја одложи.

„Ако имаме истрага, ќе ја следиме нашата сопствена регулаторна рамка“, рече Кан, додавајќи дека спроведувањето правда треба да биде во согласност со мировните напори.

Таа објасни дека Советот за безбедност може да побара од судот одложување на случајот ако смета дека тоа може да помогне во постигнување мировен договор. Сепак, тоа би било само привремено запирање на истрагата.

Кремљ постојано повторува дека не ја признава надлежноста на МКС и ја смета за ништовна наредбата за апсење на Путин.

CATEGORIES
TAGS
Share This