ПОЗНАТИ ГРУПИТЕ ЗА СП 2026 – И Македонија ја дозна групата ако се пласира

Ждрепката во Вашингтон ги откри можните ривали на Македонија на Мундијалот 2026.

ПОЗНАТИ ГРУПИТЕ ЗА СП 2026 – И Македонија ја дозна групата ако се пласира
Фото: Принтскрин

Македонската фудбалска репрезентација би настапила во група со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја доколку избори пласман на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Таков е исходот од денешната ждрепка за 12-те групи, што се одржа во центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

За да дебитира на мундијал, Македонија треба да мине уште две пречки. На 26 март ќе гостува кај Данска во полуфиналето од плејофот, а евентуалната победа ќе ја однесе во финален дуел против подобриот од натпреварот Чешка – Република Ирска. Финалниот меч ќе се одигра пет дена подоцна.

Групи на СП 2026:

  • А: Мексико, Јужна Кореја, Јужна Африка, победникот од Македонија/Данска/Ирска/Чешка

  • Б: Канада, Швајцарија, Катар, Италија/Велс/БиХ/Северна Ирска

  • Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити

  • Д: САД, Австралија, Парагвај, Турција/Романија/Словачка/Косово

  • Е: Германија, Еквадор, Курасао, Брегот на Слоновата Коска

  • Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, Украина/Шведска/Полска/Албанија

  • Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд

  • Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зелен ’Рт

  • И: Франција, Сенегал, Норвешка, Ирак/Боливија/Суринам

  • Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан

  • К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, ДР Конго/Јамајка/Нова Каледонија

  • Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана

Овој мундијал ќе биде најголемиот и најдолгиот досега и ќе трае од 11 јуни до 19 јули, а ќе се одиграат вкупно 104 натпревари, што е 40 повеќе од претходните изданија, поради проширениот формат со 48 репрезентации.

CATEGORIES
TAGS
Share This