ЕВРОВИЗИЈА ВО КРИЗА Бунт и повлекување поради учеството на Израел

ЕБУ го потврди учеството на Израел, а четири европски земји решија да се повлечат.

ЕВРОВИЗИЈА ВО КРИЗА Бунт и повлекување поради учеството на Израел
Фото: Принтскрин

Повеќе од една година траат тензиите околу учеството на Израел на Евровизија, откако со избувнувањето на војната во Газа се постави прашањето дали земјата треба да продолжи да биде дел од натпреварот. Дебатата дополнително се засили по натпреварот во 2025 година, кога се појавија обвинувања за политички притисоци, несоодветни кампањи и поделби меѓу националните радиодифузери.

Откако ЕБУ потврди дека Израел ќе учествува и на Евровизија 2026, Ирска, Шпанија, Холандија и Словенија се повлекоа, обвинувајќи го процесот на одлучување за нетранспарентен и тврдејќи дека новите правила не ја отстрануваат можноста за пристрасност.

Иако географски не е дел од Европа, Израел е дел од Евровизија од 1973 година, бидејќи националниот радиодифузер IBA (а подоцна IPBC/Kan) е активен член на Европската радиодифузна унија што е и единствениот услов за учество.

Од тогаш, Израел настапил 45 пати и победил четири пати – во 1978, 1979, 1998 и 2018 година а трипати бил домаќин (1979, 1999 и 2019). Интересно е тоа што Израел е единствената земја што не ја одбранила својата титула: во 1980 година датумот на натпреварот се совпадна со Јом Хазикарон, па земјата мораше да се повлече.

Неколку арапски земји како Тунис, Мароко и Либан, иако членки на ЕБУ, избегнуваат учество поради присуството на Израел. Либан во 2005 се повлече бидејќи нивниот закон не дозволува емитување израелска содржина, што би значело прекршување на правилата на ЕБУ.

Во 1978 година, јорданската телевизија дури го прекина преносот на израелскиот настап и кога Израел победи официјално објави дека Белгија е победник.

На Евровизија 2025 во Базел, израелската претставничка Јувал Рафаел се соочи со бројни протести, исвиркувања и закани. Над 70 поранешни учесници побараа Израел да биде исклучен. При нејзиното пристигнување имаше демонстрации, а за време на прошетката по тиркизниот тепих и пробите некои фанова успеаја да внесат палестински знамиња, и покрај засилените безбедносни мерки.

Рафаел беше исвиркувана и во финалето, слично како Еден Голан во 2024 година, која исто така се соочи со закани и протести во Шведска.

CATEGORIES
Share This