МЕНДИ ЌУРА И ОПШТИНА СТРУГА ДОБИЈА ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА Немаше државно знаме на Денот на албанското знаме во Струга

На настанот по повод Денот на албанското знаме не било истакнато државното знаме на Македонија

МЕНДИ ЌУРА И ОПШТИНА СТРУГА ДОБИЈА ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА Немаше државно знаме на Денот на албанското знаме во Струга
Фото: Принтскрин

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и против одговорното лице Менди Ќура (65) од село Биџево, поради непочитување на член 6 од Законот за употреба на знамиња на заедниците, казниво по член 11 од истиот закон.

Причината за пријавата е настанот по повод Денот на албанското знаме, кој се одржа на 28 ноември 2025 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга. На бината и на дел од кејот на реката Црн Дрим, покрај знамето на заедниците, не било истакнато државното знаме на Република Северна Македонија, како што налага законот.

Менди Ќура и Општина Струга сега се соочуваат со прекршочна постапка за непочитување на законската обврска за истакнување на државното знаме. Настанот привлече големо внимание поради присуството на граѓани и локални политичари, а отсуството на државното знаме предизвика реакции и кај граѓаните и кај медиумите.

CATEGORIES
Share This