ТУРСКОТО КАФЕ ОД ЈЕМЕН ДО СКОПЈЕ – На прославата во турската амбасада и Ѓорѓе Иванов
Традиција со векови: Турското кафе над 500 години присутно во светот

Фото: Принтскрин
Денес се одбележува Светскиот ден на турското кафе, кое од 2013 година е вброено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. По тој повод, во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопје денес се одржа свеченост по повод Светскиот ден на турското кафе, празник посветен на една од најпознатите културни традиции во регионот.
Историјата на турското кафе датира од 1543 година, кога гувернерот на Јемен му го подарил првото кафе на османлискиот султан. Поради својата растечка популарност, трговците го пренесувале преку границите, носејќи го и во Европа и така создавајќи основи за европската култура на кафе.
На настанот присуствуваа и претседателот на Северна Македонија, Ѓорге Иванов, и неговата сопруга.
CATEGORIES Култура
TAGS Топ вест


