МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА Предлог-законот за Судски совет испратен на мислење во ЕУ
Усогласување на законот со препораките на ЕУ и позитивно мислење од Венецијанската комисија

Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за Судски совет е доставен на мислење во Европската комисија.
Откако ќе се добие мислењето, законот ќе се достави за разгледување во Собранието.
Од Министерството појаснуваат дека се работи за конструктивен и содржаен документ, кој веќе добил позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучните новини што ги предвидува законот се: Јавност и транспарентност во постапките за разрешување на претседателот или заменик-претседателот на Советот; прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“, боведување јавни расправи за кандидатите за не-судски членови, со цел поголема транспарентност и одговорност, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите и усогласување на целокупната правна рамка со препораките на ЕУ.
За првпат, законот предвидува објективно оценување на работата на членовите на Советот, транспарентност во носењето одлуки и механизми за нивна одговорност. Министерството за правда нагласува дека оваа точка е особено значајна, бидејќи ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ, а сега Северна Македонија директно одговара на таа препорака.


